Непроценливо: Македонска фешта среде Данска (фотогалерија)

ЕКИПА во Хернинг,

Стеван Цаневски

Македонските ракометари се израдуваа на првата победа на ЕП 2026, апсолутно заслужено за сето она што го прикажаа на овој континентален собир, уште еднаш потврдувајќи го напредокот во играта на секое наредно големо натпреварување во кое во континуитет учествуваат.

Романија беше на колена, не успеавме да ја нокаутираме, а потоа се влезе во неизвесен финиш. Се стравуваше, примивме гол, но расположението за миг се смени, Стојковиќ тргна од центар, Кузмановски повлече и маестрално проигра, а Костески стрелаше анатомски прецизно…

За македонска фешта среде Данска, апсолутно заслужена…

Се вчитува...