Нереален скандал го тресе холандскиот фудбал: Со 12 играчи на терен дадоа гол за 2-2 во последните минути (ВИДЕО)

Херенвен и Фортуна Ситард синоќа одиграа одличен натпревар со четири гола, но во сенка на скандал поради нереална грешка на главниот судија и неговите помошници.

Двата тима на крај ремизираа (2-2), но дури по завршувањето на натпреварот стана јасно каков скандал се случи во последните моменти што придонесе Херенвен да остане без победа. Имено, гостите имаа дури 12 играчи на теренот на крајот од натпреварот бидејќи една од замените не беше направена како што требаше, а никому не му е јасно како Фортуна заврши со дополнителен играч на поле.

Тренерот на гостите направи двојна замена во 88. минута, но еден од играчите кој требаше да го напушти теренот не го стори тоа и остана во игра, а само две минути подоцна Фортуна го израмни резултатот на конечни 2-2.

Гостите го завршија натпреварот со 12 играчи на теренот, што предизвика неверојатен скандал во Холандија. Фудбалерите со број 80 и 8 требаше да ја напуштат играта, а требаше да влезат играчи со броевите 30 и 5, но во тој момент до гостинската клупа се приближи играчот со број 20, Едуард Михут, и предизвика целосен хаос.

Сите мислеа дека ја напушта играта, поради што еден од играчите што требаше да биде повлечен од игра остана на терен. На крајот на теренот се врати и Михут, па гостите на теренот имаа 12 играчи.

Играчот број осум, Далхаус, кој требаше да излезе, остана на теренот. Нејасно е зошто гостинската клупа не реагираше бидејќи беа свесни што се случува.

Се вчитува...