Нереална „лудница“ во „Ел Класико“: Барселона со неверојатен пресврт до водство од 4-2 на полувремето (ВИДЕО)

Нереално прво полувреме одиграа Барселона и Реал Мадрид во најновото „Ел Класико“ во Ла Лига кое го одлучува новиот шампион на Шпанија.

Низ извонреден фудбал во само 45 минути, со ефикасност како никогаш досега, Реал Мадрид поведе со 0-2 по само 14 минути игра со двата гола на Килијан Мбапе. Но, потоа во само 15 минути, од 19. до 34. минута три гола на Барселона за неверојатен пресврт од 3-2, за да на крај пред полувремето Каталонците дојдат и до 4-2.

А, „кралевите“ имаат поведоа уште во 5. минута, Мбапе од пенал донесе предност од 0-1.

Веќе во 14. минута по одлична брза акција, на асистенција на Винисус, Мбапе зголеми и на 0-2.

Но, тоа како само да ги налути фудбалерите на Барселона кои потоа целосно доминираа. Домашните најпрво се вратија во игра со голот на Гарсија во 19. минута.

Веќе во 32. минута мајсторски гол на Ламине Јамал за 2-2…

А, по само два минути, во 34. минута Рафиња погоди и за комплетен пресврт од 3-2…

А, за да не биде тука крај, за да биде вистински спектакл се погрижи Рафиња со својот втор гол и за 4-2 пред паузата.

Се вчитува...