Нереални сцени во Дортмунд пред мечот на сезоната (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд во 34. коло од Бундеслигата на својот „Сигнал Идуна парк“ го пречекува Мајнц во мечот на сезоната. Со триумф „милионерите“ ќе дојдат до деветтиот шампионски трофеј во Германија.

Во Дортмунд веќе се е подготвено за спектаклот на славниот стадион. Целиот град е обоен во жолто-црно. Огромен број навивачи се упатуваат од сите страни на градот кон легендарниот Вестфален каде од 15:30 часот почнува натпреварот.

Последен пат Борусија Дортмунд шампионска круна во Германија освои во 2012 година под водство на Јирген Клоп. Цели 11 години градот чека нова титула. Па, денеска е денот за тоа…

Се вчитува...