Нереалниот Стеф Кари: Погодуваше се што е невозможно, за 50 поени против ЛА Клиперс (ВИДЕО)

Стеф Кари постигна неверојатни 50 поени изминатава ноќ. Феноменалниот поентер на Голден стејт повторно приредуваше чуда на паркетот иако неговиот тим загуби од ЛА Клиперс со 134-126 во еден од синоќешните натпревари во НБА лигата.

Кари покажа дека бројните повреди не го заморија, и дека во своите раце 35-годишниот кошаркар се уште има многу поени.

„Не знам за вас, но јас уживам гледајќи го. Да се биде на терен и да се гледа тежината на одредени шутеви е прилично импресивно“ – рече по мечот Дрејмонд Грин.

Задоволен од својот ефект беше и Кари, но незадоволен од поразот на неговиот тим.

„Убаво е кога ти оди шутот. Тоа се очекува секоја ноќ од вас. Сепак, без оглед на статистиката фрустрирачки е кога ќе останете без победа“ – рече Кари.

Само шест кошаркари во НБА историјата успеале да постигнат најмалку 50 поени со 35 години. Пред Кари тоа беа уште Леброн Џејмс (двапати), Џамал Крафорд, Коби Брајант, Мајкл Џордан и Алекс Инглиш.

Хрватот Ивица Зубац, пак, го одигра еден од своите најдобри натпревари сезонава за важна победа на ЛА Клиперс. ЛА Клиперс беше предводен од Каваи Леонард со 30 поени и Пол Џорџ со 24 поени, но треба да се издвои и Зубац со 19 поени кој имаше и извонредни 16 скока.

Во останатите натпревари синоќа Филадефија на гости славеше против Кливленд со 109-118, Мајами го победи Мемфис со 138-119, Сакраменто славеше на гости против Чикаго со 114-117. Хјустон беше подобар од ЛА Лејкерс победувајќи со 114-110, Бостон триумфираше против Минесота со 102-104 а Далас по продолжениа го победи Сан Антонио со 128-137.

Се вчитува...