„Нереално е Ливерпул да го добие Исак за таа сума“

Тема број 1 на Островот е потенцијалниот трансфер на Александар Исак во Ливерпул. Тоа е прашање што ги загрижува сите во Њукасл, а легендата на клубот Алан Ширер истакнува дека раководството на клубот треба брзо да дејствува.

Една од најголемите легенди на Њукасл, вклучително и на Премиерлигата, напиша авторски текст за „Би-би-си“ за ситуацијата во Њукасл, со акцент на трансфер сагата на Александар Исак.

„Не знам како и зошто беше дозволено ова да се случи, но фактот е дека ова е катастрофален преоден период. Тие ги пропуштија сите главни цели, а покрај тоа ја имаат и оваа ситуација со Исак. Мора да ја решат, а нема да биде лесно. Со заминувањето на Калум Вилсон, тие треба да доведат двајца напаѓачи ако и Исак си замине. Инаку, не можат да го пуштат“, рече Ширер.

Тој верува дека првата понуда на Ливерпул од 127 милиони евра не била сериозна.

„Не можете да го добиете Исак за тие пари. Деклан Рајс, Енцо Фернандез, Џек Грилиш беа купени за тие пари, а зборуваме за напаѓач кој постигна 44 гола во Премиер лигата за две сезони. Поблиску до реалноста е цената поставена од Њукасл од околу 150 милиони евра“, заврши Ширер. 

Се вчитува...