Нерешено на дербито на Етихад: Трент донесе бод за Ливерпул (ВИДЕО)

Првото дерби во Премиерлигата помеѓу првопласираниот и второпласираниот тим заврши без победник. На „Етихад“, Манчестер Сити имаше предност, но ја ипушти во вториот дел, за Ливерпул да освои голем бод од ова гостување. Двата тима ја продолжуваат трката за есенски првак, а се чини дека може да има и влијание за конечната табела на крајот од сезоната.

Сити притискаше од самиот почеток, но Ливерпул беше смирен и одолеваше на нападите на домаќинот. Во 12. минута Алисон погреши, и Фоден се најде во шанса, но не реализираше. Откако се ослободија од притисокот, во 16. минута и Ливерпул се закани преку Нуњез, меѓутоа Едерсон фантастично одбрани.

Во 28. минута Алисон направи грешка. Бразилецот му ја додеда топката на Аке, кој ги додаде до Халанд, кој успеа да го совлада голманот на Ливерпул. 

„Црвените“ одлично влегоа во вториот дел, а граѓаните имаа проблем како да ја изнесат топката. Ливерпул имаше одлични можности да израмни, а тоа му успеа во 79. минута, и тоа после промашување на Халанд. Неговиот удар беше изблокиран, а потоа Ливерпул тргна во контра, па Салах го проигра Александар-Арнолд кој со прецизен удар го совлада Едерсон за израмнување. 

Се вчитува...