Шкендија добро, на моменти и одлично се носи со фаворизираниот Лудогорец по првиот дел на натпреварот од плеј-офот во Лигата на Европа. На „Тодор Проески“ е нерешено 1-1, но повеќе шанси имаше тетовскиот тим, а екипата од Разград од единствениот удар кон голот постигна погодок.
Моментот кој го одбележа првиот дел е „бомбата“ на Љатифи во 35. минута, кога од слободен удар од 26-27 метри ја смести во голот на Пад. Она што не му успеа на играчот на Шкендија во 8. минута кога излезе сам пред голот на гостите, но шутираше лошо, млако, па одбрани Пад.
Шкендија имаше шанса и во 15. минута кога исто така Љатифи лошо реагираше на центаршутот на Тамба, па наместо во голот, шутира крај голот. Цаке беше во шанса во 17. минута, само крај голот.
Стигна казната на другата страна. По една акција, Дуарте стрела прецизно во голот на Гаје, од своето прво доаѓање на Лудогорец во шеснасетникот на тетовскиот тим.
Следуваше уште една шанса за гостите преку Шоуар, а потоа и бомбата на Љатифи. Шкендија можеше и до пресврт, ама ударот на Зејнулаи беше непрецизен.
И Лудогорец имаше прилика пред самиот крај преку Маркус, но го погоди само надворешниот дел од мрежата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

