„Нероаѕурите“ се пофалија со ветеран – Интер пронајде засилување во 38-годишен голман! (ФОТО)

Иако некои играчи се на прагот од излезна врата, сепак, Интер продолжува со засилувањата за следната сезона, а сега потврди дека во екипата пристигнува 38-годишниот голман Алекс Кордаз, кој потпиша едногодишен договор со актуелниот италијански шампион.

Клубот од Миално го претстави голманот, кој до минатата сезона ја бранеше мрежата на Кротоне, каде што ги мина претходните шест години и е пред самиот крај на кариерата.

За потсетување, Интер пред неколку дена се засили и со Хакан Чалханоглу, кој пристигна од нивниот градски ривал Милан.

 

 

 

Се вчитува...