Од се по нешто можеше да се забележи на дербито од 21. коло меѓу Работнички и Вардар на „Филип Втори“.
Многу нервоза на теренот, но и пред се не клупата на Вардар кај стратегот Чедомир Јаневски… Дуели како во ринг но и бројни меѓусебни „кошкања“ меѓу фудбалерите на двата тима од кои највпечатливи беа оние меѓу Остоја Стјепановиќ и Тигран Барсегјан, како и Горан Попов и Чарлс Чинеду. Сето тоа заокружено и со црвениот картон во финишот на голманот на Работнички, Даниел Божиновски.
Но, на крајот, и спортски подадена рака… Заслужена победа на Работнички и честитки од Вардар!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА