Баерн Минхен загуби на гостувањето во Барселона со 4-1. „Баварците“ после тој пораз се соочија со многу критики, особено големи напади имаше одбраната на тимот, која прими четири голови.
По натпреварот еден од новинарите го праша спортскиот директор Макс Еберл за одбраната, а овој нервозно му одговори.
„Земете тренерска лиценца, и тогаш ќе ти биде подобро. Многу е лесно да се обвини одбраната кога ќе загубиме. Сакате тимот да се подели, токму тоа сакате да го постигнете, ама нема да ви дозволиме“, рече Еберл.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА