Нервозниот Киргиос со навреди кон публиката: „Замолчете, да ви е..м!“

Финалето во Мајами ќе понуди нови тениско класико, реприза на годинашното финале од Австралија опен меѓу Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Во полуфиналето Федерер, по нешто повеќе од три часа, во вистинска драма низ тај-брејк во сите три сета, го реши Ник Киргиос.

Федерер во третиот сет беше и на раб на пораз затоа што Киргиос сервираше при водство од 5-4, но по една длабинска топка некој од публиката викна аут, Федерер остана фокусиран и ја врати, но Киргиос веднаш потоа ја испрати во аут, по што „полуде“ упатувајќи погрдни зборови кон публиката.

„Замолчете, да ви е..м“ – викаше нервозно Киргиос, надоврзувајќи уште неколку пцовки, на што доби серија свирежи од трибините…

Видно изнервиран, Австралиецот при следниот сервис направи и двојна сервис грешка, по што Федерер ја искористи меч-топката и со 7-5 го доби тајбрејкот, обезбедувајќи место во големото финале.

Се вчитува...