Аргентина успеа да се пласира во полуфиналето на СП 2022 по драматичен меч со Холандија во кој на крај триумфираше дури по изведувањето на пеналите.
Но, по мечот, Лионел Меси неочекувано нервозен впуштајќи се во караница со се што најде околу себе.
Најпрво, по крајот на пенал-рулетот, дојде до конфликт со клупата на Холандија пред се со селекторот Луис Ван Гал и Едгар Давидс, па имаше конфликт со непозната личност за време на официјалната изјава по мечот…, се насочи и против судијата, за да не крај и на зборови не му остане должен на холандскиот селектор Ван Гал.
Сето тоа очигледно Меси не го заборави…
„Ван Гал зборува се и сешто. Зборува дека тие играле добар фудбал, а се што прават е да стават двајца високи играчи пред нашиот гол и да ги гаѓаат со долги топки…. Не требаше да дојде до пенали. Тешко поднесовме се што се случуваше на терен, но тоа е четвртфинале на Мундијал. Најважно и најубаво од се е што крајот е среќен, а ние сме во полуфинале“ – истакна Меси по синоќешното четвртфинале.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА