Шокатниот пораз на Јувентус на гостувањето кај Монца од 1-0 е главна тема во италијанските медиуми, а во центарот на вниманието е српскиот напаѓач во редовите на „старата дама“, Душан Влаховиќ.
Аналитичарот на „Газета дело спорт“, Фабијан дела Вале се занимаваше со лошата форма на српскиот напаѓач на почетокот на новата сезона. Монца е во фокусот на приказната за Влаховиќ бидејќи токму против овој клуб Србинот го постигна својот прв погодок во италијанскиот фудбал.
„Влаховиќ беше рептор во противничкиот шеснаесетник, гладен и незаситен, сега изгледа како преплашена, срамежлива птица која веќе не може да најде начин да постигне гол. Дечкото кој пред осум месеци беше купен за 80 милиони помина низ криза на идентитетот како и сите во Јувентус“, пишува во текстот на Дела Вале.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА