Несакан инцидент на натпреварот меѓу АП Брера и Беса на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица во 5. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Во 38. минута настрада младиот голман на струмичани Филип Купанов. При еден судир со противнички фудбалер, Купанов се здоби со повреда поради која не можеше да го продолжи натпреварот и веднаш беше заменет. Пружена му е лекарска помош и надежите, според последните информации, се дека не се работи, сепак, за потешка повреда.
21-годишниот Купанов е и младински репрезентативец на Македонија, еден од најголемите македонски фудбалски таленти на голманската позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА