Несекојдневна ситуација: Тешка повреда на судијата на мечот Хонвед – Работнички

Првото полувреме од мечот меѓу Хонвед и Работнички во 1. квалификациско коло за ЛЕ го одбележа и тешката повреда на главниот судија Мариуш Аврам од Романија.

Во 28. минута Романецот при трк се сопна и заработи сериозна повреда на скочниот зглоб… Веднаш доби лекарска интервенција и на носила изнесен од теренот.

Должноста околу делењето на правдата на натпреварот понатаму ја презеде четвртиот судија, неговиот сонародник Јулиан Калин.

Работнички по првото полувреме има негатива од 2-0 против Хонвед. На македонскиот тим му е неопходен еден гол, без притоа примен нов, за да се избори за продолженија.

Се вчитува...