Најдобриот македонски одбојкар Никола Ѓорѓиев и официјално промовиран како најголемо засилувања за романскиот гигант Рапид Букурешт!
Романскиот клуб со суперлативи го промовираше македонскиот одбојкар, истакнувајќи го како еден од најголемите странски играчи што некогаш настапиле во романскиот шампионат.
„Несекојдневниот НИКОЛА ЃОРГИЕВ – Сила во нападот! Никола е еден од топ 500 најголеми одбојкари на сите времиња во светот. Со импресивна кариера зад себе, Никола носи искуство, сила и одлучност на теренот.
Капитен на македонската репрезентација и играч со долгогодишни натпревари во најголемите европски и азиски лиги, тој е човекот на кој можете да се потпрете. Квалитети кои го дефинираат: Моќен и ефикасен напад, експлозивна реакција, разновиден во повеќе улоги, доследност и професионалност на највисоко ниво.
Никола Ѓоргиев не е само играч, туку вистинска сила на Рапид, подготвен да го подигне нивото на тимот во секој натпревар! ДОБРЕДОЈДЕ ВО РАПИД, НИКОЛА!“ – се вели во промотивната најава на Рапид Букурешт за македонскиот одбојкар.
Ѓоргиев, на тој начин, ја почнува својата 21-ва интернационална сезона. Во својата исклучително богата кариера настапуваше и во Србија, Италија, Турција, Јапонија, Полска, Германија и Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

