Добро позната е приказната за Делонте Вест, кошаркарот кој настапуваше крај Леброн Џејмс во Кливленд, заработи 16 милиони долари од НБА-договорите, но во последните години банкротираше, остана без дом, барајќи помош од случајни минувачи по улиците.
Газдата на Далас маверикс, Марк Кјубан, реши да му помогне на овој кошаркар, најпрвин го однесе во клиника за рехабилитација од зависности, а токму Кјубан денеска се јави со нов „апдејт“ за состојбата на Вест.
„Бидејќи сите ние сакаме нешто убаво за почеток на денот… еве нешто ново за Делонте Вест. Тој се уште се бори за да се искачи на врвот, но најважно е што оди напред“, напиша Кјубан, објавувајќи фотографии од поранешниот кошаркар како вози кајак и се наоѓа во друштво на нови пријатели, кои му помагаат во борбата со свооите „демони“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА