Поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед и на англиската фудбалска репрезентација, Рио Фердинанд, не успеа да влезе во светот на боксот што за него било големо разочарување. Откако Британскиот боксерски борд објави дека нема намера повторно да ја разгледува неговата апликација за лиценца, Фердинанд се огласи на социјалните мрежи.
„Со тешко срце морам да ги закачам ракавиците. Многу ми е тешко да прифатам дека воопшто и не добив шанса да се покажам“ – напиша Рио.
Фердинанд кој фудбалската кариера ја заврши во 2015 година со шест освоени премиерлигашки титули, во септември минатата година го најави влегувањето во боксот. Потенцијалната кариера на Фердинанд во боксот беше поддржана од обложувачката компанија “Betfair”. Тренер му беше поранешниот шампион, Ричи Вудхол, а екс фудбалскиот репрезентативец на Англија најавуваше дека има намера да освои појас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА