Неспортски потег: Сари одби да се ракува со Пеп Гвардиола… (ВИДЕО)

Манчестер сити го демолираше Челси со 6-0 во дербито од Премиерлигата. „Граѓаните“ си поиграа со „сините“ што очигледно го налути менаџерот на лондонскиот клуб, Маурицио Сари кој постапи крајно неспортски на крајот од натпреварот.

По последниот свиреж Пеп Гвардиола тргна да се поздрави со Сари, но тој тоа го одби бегајќи кон соблекувалните. На менаџерот на Сити во прв моменти ништо не му беше јасно, за да потоа се поздрави со остатокот од стручниот штаб на Челси, на чело со Џанфранко Ѕола…

 

Се вчитува...