Дефанзиецот на Челси, Весли Фофана заработи уште една повреда. Стоперот на лондонските „сини“ беше надвор од терените речиси една година поради тешка повреда на коленото, а сега повторно се повреди.
Тој штотуку се врати на теренот, а сезонава забележа 14 настапи, но сега му настрада грбот.
Од Челси потврдија дека поради повредата на Фофана тој ќе мора да оди на операција и да паузира неколку недели. За него оваа сезона заврши, на теренот мина нешто повеќе од илјада минути.
Верувале или не, откако во Челзи пристигна во летото 2022 година за цели 80 милиони евра од Лестер, Фофана одигра само 34 натпревари за сините.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА