Несреќен пораз на Ѓорческа во финалето во Љубљана

Лина Ѓорческа остана без трофејот во дубл на ВТА 125 турнирот што се одржуваше во Љубљана, откако македонската тенисерка заедно со Швајцарката Тајхман во големото финале загубија од Бранкачо и Горман со 1-2 во сетови.

Во првиот сет се водеше голема битка што Ѓорческа и Тајхман ја добија со 7-5, но нашата тенисерка и нејзината дубл-партнерка најубавата шанса ја пропуштија при 5-4 во вториот сет, кога не искористија и меч топка. Ривалките се вратија и го добија сетот со 5-7, како најава за возбудливата завршница во решавачкиот сет.

Во него Ѓорческа и Тајхман, која го играше и сингл-финалето, како да загубија здив, па Бранкачо и Горман славеа со 7-10 и се закитија со трофејот.

Се вчитува...