Македонската женска кошаркарска репрезентација, го загуби и шестиот натпревар во квалификацискиот циклус, откако вечерва во Рига беше поразена од Украина со 71-68 во натпревар кој имаше драматичен финиш, во меч во кој немаше никакво значење за изгледот на конечната табела.
Македонија имаше одличен финиш на мечот, во еден миг стигна и до предност од 72-71, откако успеа да направи голем пресврт, и имаше предност на 51 секунда до крајот. Украина стигна до израмнување, а потоа Македонија промаши напад, по кој Украина доби прекршок и две слободни фрлања, со кои на крајот стигна до победа од 74-72.
Одличен настап имаше Аџелика Митрашиновиќ која реализираше 33 поени. Јагупова кај Украина беше најдобра со 19 поени.
На полувремето Украина имаше предност од седум поени, а во последната чевртина влезе со преднос од 10 поени, но Македонија успеа да ја анулира предноста, но немаше среќа да дојде до подобар резултат.
Македонија ги заврши квалфииакциите со сите шест порази, а од групата на Европското првенство од Србија кои и покрај поразот од Португалија, го освоија првото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА