Македонската одбојкарска репрезентација го доживеа и третиот пораз во четвртиот натпревар од годинашнава Европска златна лига, овој пат во повеќе од драматичен натпревар на гостувањето против Белгија.
Македонија одигра квалитетен меч, беше пред победа против Белгијците во Беверен, но на крај домашните успеаја да дојдат до триумф во пет сета со 3-2, по сетови 25-22, 22-25, 25-17, 24-26 и 17-15.
Македонските одбојкари беа пред пораз уште во четвртиот сет кога Белгија имаше две меч топки со 24-22, но Македонија успеа со неверојатна серија од четири поени да дојде до 24-26 во четвртиот сет. Потоа целосна доминација во последниот сет за одбојкарите на Хари Наковски кои имаа предност и од 6-10 и 7-11, но неочекувано дозволија Белгијците да дојдат до пресврт во петтиот сет и да слават во тај-брекот со 17-15.
Македонија, на тој начин, со победа против Азербејџан и пораз од Белгија, го заврши вториот турнир од Европското златна лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА