Несреќен пораз на Столе Димитриевски и Валенсија

Валенсија со Столе Димитриевски на голот не успеа да ја продолжи серијата од три меча без пораз во Ла Лига откако вечерва загуби на гостувањето против Бетис со 2-1.

Димитриевски и соиграчите имаат за што да жалат, особено ако се земе во предвид промашениот пенал на Пепелу во 13. минута. Бетис успеа да израмни до крајот на полувремето, а домашниот тим потоа во финишот го сврте и резултатот во своја полза, кога Форналс одлично се снајде и го совлада Димитриевски.

Македонскиот голман имаше уште еден квалитетен натпревар, јасен доказ дека без оглед на поразот секогаш може да се смета на неговите услуги.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...