Неста ќе го враќа Фросиноне во Серија А

Поранешниот италијански фудбалер Алесандро Неста е именуван за нов тренер на Фросиноне, потврдија од италијанскиот клуб. 43-годишникот се обврза со клубот до 2021, а негова примарна цел ќе биде враќање на Фросиноне во Серија А, откако минатата сезона ја заврши на 19. позиција на табелата, што значеше преселба во понизок ранг.

Поранешниот фудбалер на Лацио, Милан, Монтреал и Ченаи тренерската кариера ја почна во Мајами, а мината сезона со Перуџа го освои деветото место во Серија Б. Со репрезентацијата на Италија стана светски шампион во 2006 година.

 

Се вчитува...