Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски е избран во тимот на колото во Серија Б. Тој одигра одличен натпревар за Палермо во триумфот против Карпи (4-1). Напаѓачот беше стрелец на два гола и имаше една асистенција на натпреварот и го заслужи местото меѓу најдобрите 11 во Серија Б.
Несторовски се приклучи на националниот тим и ќе биде голем адут на селекторот Игор Ангеловски за претстојните два квалификациски натпревари за ЕП 2020 против Летонија и против Словенија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

