Македонските репрезентативци Елиф Елмас и Илија Несторовски испратија заеднички поздрав до македонските фанови по пресметката на Наполи и Удинезе во Серија А.
Наполи триумфираше со 3-2 во мечот во кој Елмас стрелаше и беше асистент, еден од најзаслужните за победата на „наполитанците“, а Несторовски во самиот финиш го постигна и својот прв гол сезонава во дресот на Удинезе.
На к
рајот со заедничка фотографија поздрав и пред доаѓањето на репрезентативниот собир во понеделник за пријателските натпревари со Финска и со Азербејџан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

