Несторгол не знае за доста – хет-трик против Илирија

Илија Несторовски помина подолг период рехабилитирајќи се од повреда, а по надминување на проблемите во новата сезона за влезе во одличен ритам. Откако македонскиот репрезентативец стрелаше во првите два меча за Удинезе, денеска постигна хет-трик во победата над словенечка Илирија со 3-0.

Прилепчанецот кој натпреварот го започна од клупата влезе во игра во второто полувреме и одговори со голедата. Првиот гол го постигна во 46. минута, донесе водство од 2-0 во 72. миинута, а хет-трикот го комплетираше во 83. минута.

Се вчитува...