Македонскиот фудбалски интернационалец Илија Несторовски и неговиот Славен Белупо изброија во финалето на купот на Хрватска, а денеска ги очекува лигашки натпревар против Хајдук.
Пред мечот против тимот од Сплит, Несторовски вели дека се надева дека ќе можат тој и неговите соиграчи да ја продолжат позитивната серија.
„Од кога дојдов, играме навистина добро, имавме само три порази во последните дваесетина натпревари, од Хајдук, Риека и Динамо. Тоа значи дека имаме навистина добар тим, но и континуитет. Да бевме елиминирани во купот ќе ни беше многу потешко да излеземе и во лигата против Хајдук, сепак вака е многу полесно. Ќе биде тежок натпревар, тие доаѓаат како огромни фаворити. Одморени се, веќе една недела се подготвуваат за натпреварот. Сепак, ќе дадеме се од себе да ја развеселиме домашната публика, која се разбуди и повторно во голем број доаѓа на стадионот“, изјави Несторовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА