Несторовски асистираше, па поцрвене во победата на Славен Белупо над Осиек

Македонскиот фудбалски интернационалец Илија Несторовски беше во прв план во победата на неговиот Славен Белупо над Осиек од 2-1 во натпревар од 9. коло од новата сезона во хрватскиот шампионат.

Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Агбекпорну во 7. минута. Шуто во 59. минута зголеми на 2-0 и тоа на асистенција на нашиот интернационалец. Во 69. минута Несторовски прво го фаулираше Мркчјан по што доби жолт картон. Ерменецот му возврати на ист начин па следуваше, a лактот на Несторовски кон него доведе македонскиот фудбалер да поцрвене.

До крајот гостите успеаја само да намалат на 2-1 преку Јелениќ во 93. минута.

Standings provided by Sofascore

 

 

Се вчитува...