Несторовски блиску до Сампдорија, го бара и Пипо Инзаги во Реџина

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски е блиску во зимскиот преоден рок да го смени клубот. Според пишувањта на албанските медиуми, е најблиску да се пресели во дресот на Сампдорија, кој има потреба од напаѓач. Наводно тимот од Џенова веќе е во преговори од кои би требало да се знае исходот во следните неколку дена.

„Ла Газета Дело Спорт“ пишува дека во следните часови би требало да се случи трансферот, и многу е блиску Несторовски да биде промовиран во дресот на Удинезе.

Од друга страна силен интерес има и од Серија Б тимот на Реџина кој е предводен од легендарниот Пипо Инзаги. Во минатото Инзаги покажуваше интерес за Несторовски додека беше дел од Бреша.

Несторовски речиси сигурно заминува од Удине зимава, а сега треба самиот да се одлучи дали ќе ја прифати понудата од Сампдорија, или ќе се реши за Реџина, која води жестока битка за промоција во Серија „А“.

Се вчитува...