Несторовски е херој на Славен Белупо: Гол за три бода (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски е херојот на Славен Белупо, кој му донесе три бода во дуелот со Истра. Славен победи со 1:0 токму со голот на Несторовски во 64. минута од средбата.

После една акција од левата страна, Дабро асистираше до осамениот Несторовски, која ја спроведе топката во голот на гостите.

Ова беше шести погодок за Несторовски во оваа сезона.

Се вчитува...