Несторовски го доби дуелот против Трајковски во Купот на Хрватска

Славен Белупо се пласира во полуфиналето на Купот на Хрватска по драматичен триумф над Локомотива во четвртфиналето. Мечот заврши 1-1 по регуларните 120 ,омито, па победникот го одреди пенал серијата.

Гостите од Локомотива поведоа во првото полувреме со голот на Димитрије Каменовиќ во 33. минута, но домаќините израмнија во 51. минута преку Ален Гргиќ. Во пеналите, и двајцата македонски напаѓачи беа успешни, Илија Несторовски погоди за Славен, а Александар Трајковски за Локомотива.

Славен Белупо промаши само еден пенал, додека Локомотива промаши двапати, па домаќините се радуваа на пласман меѓу најдобрите четири. Несторовски ги одигра сите 120 минути за победничкиот тим, додека Трајковски влезе во игра во 72. минута.

Се вчитува...