Несторовски го пропушта стартот на новата сезона

Илија Несторовски беше еден од лидерите на тимто на Славен Белупо ланската сезона, но македонскиот голгетер се соочува со проблеми летово, откако заработи незгодна повреда.

Експедицијата на Славен се наоѓаше на подготовки во Словенија каде што одигра неколку контролни средби, а по враќањето тренерот Марио Грегурина беше задоволен од формата, но истовремено и загрижен поради повредите на неколку првотимци, меѓѓу нив и Несторовски.

„Имаме причина да бидеме задоволни, не само јас туку и целокупниот стручен штаб. Момците работеа напорно, одигравме добри пријателски средби. За жал, имаше и повреди, Несторовски ќе паузира најмалку две седмици и дефинитивно нема да биде „фит“ за стартот на новата сезона“, истакна Грегурина.

Се вчитува...