Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Илија Несторовски го постигна победничкиот погодок за својот Удинезе во мечот против Фиорентина. Репрезентативниот напаѓач во натпреварот изјави дека ова се три многу важни бода за тимот од Удине во борбата за опстанок во Серија А.
„Стигнавме до големи три бода во овој многу важен натпревар за нас. Оваа победа не носи погоре на првенствената табела и ни прави убава разлика со тимовите кои што се во зоната за испаѓање. Направивме добар скок напред, ние сме на 12 поени од зацртување на нашата цел, а тоа е опстанок во лигата. Се надевам што побрзо ќе ги освоиме. Кога ќе се најдеме во такви ситуации, мора да најдеме нешто во нас. На крајот победивме и среќен сум и за сите оние кои, како мене, играа денес, но добиваа помалку шанса минатите натпревари“, изјави Несторовски.
Удинезе во моментов се наоѓа на 12. позиција на првенствената табела со 28 освоени бода и се на десет бода предност од Калјари кој во моментов се наоѓа на 18. место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

