Македонскиот фудбалски интернационалец Илија Несторовски и неговиот Славен Белупо изборија пласман во финалето на Хрватскиот национален куп.
Славен Белупо денеска во полуфиналето славеше по изведување на пенали со 4-3 откако по 120 минути беше 0-0.
Несторовски прв зеде одговорност да бие во пенал серијата и успешно реализираше со што му помогна на својот клуб да стигне до финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА