Само неколку часа му беа доволни на Маурицио Зампарини да најде нов тренер, откако Еугенио Корини поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб на Палермо. Иако се најавуваше камбек на Балардини, изборот на претседателот на Палермо падна врз Диего Лопез, кој утре ќе го одржи првиот тренинг со тимот за кој настапуваат и двајца македонски репрезентативци, Илија Несторовски и Александар Трајковски.
Поранешниот тренер на Болоња и на Калјари доаѓа на Сицилија по директна препорака на спортскиот директор Никола Салерно, кој го убедил Зампарини дека Лопез е вистинскиот тренер за Палермо во оваа незгодна ситуација, кога шансите за опстанок се сведени на теорија.
Новиот тренер ќе има огнено крштевање на клупата на сицилијанскиот клуб, со оглед на фактот дека Палермо во следното коло го тешко гостување против Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА