Контроверзниот сопственик на Палермо, Маурицио Ѕампарини се одлучи да го разреши досегашниот тренер на својот клуб Бруно Тедини. Чашата на недоверба беше прелеана по синоќешниот пораз од Венеција од 3-0.
Ѕампарини, кој е познат по тоа дека не размислува многу околу промената на тренерската фотеља, се одлучи на крупна промена во клучните моменти од трката за пласман во Серија А на крајот од сезоната…
„Морав да ја променам оваа незавидна ситуација во која западна тимот. Вчера загубивме без да се бориме на терен, и не можев да поминам преку тоа. Сега нема да биде лесно, но ќе се бориме до крај за влез во Серија А“ – истакна Ѕампарини по промената на тренерот.
Нов шеф на стручниот штаб на Палермо до крајот на сезоната ќе биде Роберто Стелоне. Палермо во моментов е на второто место на табелата во Серија Б, но со ист број бодови како и третопласираната Парма која исто очекува директна промоција во италијанската елита.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА