Несторовски и Трајковски добиваат американски газди

Претседателот на Палермо, Маурицио Зампарини, објави дека во текот на следниот месец ќе ја комплетира продажбата на клубот. Зампарини во изминатите месеци често се жалеше на слабата финансиска состојба во која се наоѓа Палермо, во меѓувреме пропаднаа преговорите со компанија од Далечниот Исток, за сега во преден план да излезе групација на бизнисмени од САД.

Готово е, го продавам клубот на Американци во март“ – изјави Зампарини, кој си создаде очаен имиџ во јавноста поради навиката премногу често да ги менува тренерите во текот на сезоната.

Не се согласувам дека сум „убиец на тренери“. Па во овие триесет години Валтер Новелино работеше три години со мене, а токму преку Палермо се промовираа тренери како Вентура, Спалети, Закерони и Гасперини“ – одговори на овие обвинувања претседателот на сицилијанскиот клуб.

Палермо освои четири бода во претходните две кола против Наполи и Кротоне, по што сега сицилијанскиот клуб заостанува осум бода во однос на зоната што значи опстанок во елитата. Најзаслужен за овие четири бода беше токму Македонецот Илија Несторовски, за кого неговиот газда има само пофални зборови.

Плативме 500.000 евра за Несторовски, а сега вреди меѓу 15 и 20 милиони. Знаевме дека е одличен играч бидејќи ни го препорача наш пријател од Хрватска, истиот оној што ни ги укажа квалитетите на Посавец и на Трајковски“ – истакна Маурицио Зампарини.

Се вчитува...