Несторовски и Трајковски едногласни: Подготвени за голови….!

ЕКИПА во Вадуц, Лихтенштајн

Владимир Булатовиќ

„Сицилијанците“ во македонските редови Илија Несторовски и Александар Трајковски, во духот на целокупното позитивно расположение во македонската репрезентација, најавуваат победа на националниот тим на гостувањето против Лихтенштајн со која веќе и дефинитивно ќе се насочиме кон првото место во групата од Лигата на нации.

Несторовски и Трајковски расположени беа и на вчерашниот последен тренинг на „Рајнпарк“ стадионот во Вадуц едногласно најавувајќи…

„Победата е нашата единствена опција на ова гостување. Зад нас е мечот со Ерменија каде апсолутно незаслужено загубивме така убедливо, а единствените мисли се со две победи сега да го заокружиме настапот во групната фаза од Лигата на нациите“.

Трајковски досега низ четирите натпревари од Лигата на нациите има два постигнати погодоци, а Несторовски се уште го чека првиот.

„Време е“ – вели популарниот „Нестор гол“.

Се вчитува...