Македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски уште во раната фаза од натпреварувањето ги завршија настапите оваа сезона во Купот на Италија.
Несторовски и Трајковски, со својот Палермо, се елиминирани во третата рунда од Каљари. На гостувањето против Каљари, Палермо одигра 1-1 по регуларниот дел и продолженијата од мечот, но по изведувањето на пеналите загуби со 4-2.
Трајковски одигра 60 минути за Палермо на натпреварот, а Несторовски иако го одигра целиот натпревар изненадувачки не беше одреден меѓу изведувачите на ударите од белата точка за својот тим.
Денеска од 18 часот својот натпревар во Купот на Италија го игра и Горан Пандев. Неговата Џенова ја очекува дуел со Чезена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА