Несторовски играше со рака за пеналот за победа на Хајдук, Истра го посрамоти Динамо (ВИДЕО)

Фудбалерите на Хајдук итаат кон титулата во хрватскиот шампионат. Тие денеска славеа на гостувањето кај Славен Белупо со минимални 0-1.

Победничкиот погодок го постигна Марко Ливаја од пенал, кој го направи нашиот интернационалец Илија Несторовски кој играше со рака во сопствениот шеснаесетник.

Истра му нанесе голем срам на Динамо Загреб совладувајќи го со 3-0. Аријан Адеми беше дел од првиот тим на „модрите“, а излезе од игра на полувреме. Стефан Ристовски не доби шанса на овој меч.

Се вчитува...