ЕКИПА во Торино, Италија
Никола Ѓуровски
Како се доближува крајот на квалификацискиот циклус централна тема некако во репрезентативните редови и Горан Пандев и неговата можност и низ следните квалификации да биде со националниот тим.
Едногласно е мислењето во домашната фудбалска јавност дека Пандев е повеќе од потребен на репрезентацијата и во иднина. Тоа го мислат и неговите соиграчи од репрезентацијата. Офанзивецот на Палермо, Илија Несторовски потенцира дека по никоја цена нема да го пуштат Пандев да се „ослободи“ од репрезентацијата…
„Мора да се биде среќен после бод со Италија во Торино. Одигравме одличен меч и ете можеби ни се врати за првиот пораз во Скопје. Мора да кажам дека сме сега една компактна група и со помладите заедно, но на чело со капитенот Горан Пандев. Тој ни дава сигурност, тој е лидер, тој е се за оваа репрезентација… Не го пуштаме да се пензионира. Ќе го тераме да игра додека не “умре” на терен“ – вели низ смеа офанзивецот Илија Несторовски, кој не може да го заборави овој циклус во кој несреќно загубивме многу бодови…
„Ех, да не загубевме неколку бодови несреќно во овој циклус кај ќе ни беше крајот. Навистина одигравме квалитетно на сите натпревари во овие квалификации. Заслуживме многу повеќе бодови, но сето ова е најава за една вистински конкурентна селекција во следниот циклус“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА