Палермо по подолг период денеска се радуваше на победа во Серија А, откако на домашен терен ја совлада Фиорентина со 2-0, но во завршницата од мечот повреда заработи македонскиот интернационалец Илија Несторовски. Тој го истегна бутниот мускул на левата нога и предвреме го напушти дуелот. Првичните лекарски проценки се дека Несторовски ќе паузира околу две седмици.
Нестор-гол сигурно ќе го пропушти следниот првенствен меч на Палермо, но очекувањата се дека ќе може да се врати на теренот на 14 мај, кога Палермо на домашен терен ќе ја пречека Џенова. Тоа ќе биде и „македонски дуел“ во Серија А, со оглед дека од едната страна ќе бидат Трајковски и Несторовски, а од другата Горан Пандев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА