Несторовски меѓу најфаулираните во Европа: „Јадел ќотек“ исто како Еден Азар

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски ја заокружи сезоната во Серија А со 11 постигнати гола, и беше убедливо најдобриот поединец на Палермо, кој не успеа да избори опстанок во елитата. Но, Нестор-гол се наметна како еден од најдобрите напаѓачи во изминатиот период, а дополнителен доказ дека бил будно следен од дефанзивците е и фактот што се наоѓа меѓу десетте најфаулирани фудбалери во топ 5 лигите во Европа.

Според статистичките показатели, Несторовски е фаулиран точно 100 пати во текот на изминатата сезона во Серија А и се наоѓа на деветтото место на листата фудбалери над кои се направени најмногу прекршоци. Веднаш над него е Еден Азар, белгискиот интернационалец од редовите на Челси, над кого се направени 101 фаули.

Најфаулиран фудбалер во топ 5 лигите во Европа е Дарио Лесчано, напаѓачот на бундеслигашот Инголштад (136), а веднаш зад него е Андреа Белоти од Торино (126).

najfaulirani

Се вчитува...