Несторовски му донесе реми на Славен со Истра (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Илија Несторовски продолжува со одличната форма за Славен постигнувајќи нов погодок во хрватскиот шампионат, овој пат носејќи реми од 1-1 на гостувањето кај Истра.

Несторовски во 29. минута одлично се најде во противничкиот шестнаестник совладувајќи го домашниот голман за изедначување.


За Македонецот тоа е седмиот гол во сезоната.

Се вчитува...