Илија Несторовски нема да настапи за Македонија на претстојниот пријателски натпревар против Норвешка, откако селекторот Игор Ангеловски во последен момент се премисли и реши да го остави голгетерот во Палермо за да му помогне на својот тим во битката за враќање во италијанската фудбалска елита.
Ангеловски го вклучи Нестор-гол на списокот на играчи на чии услуги ќе смета за дуелот со Норвежаните, но откако претседателот Зампарини замоли тој да остане во Палермо, македонскиот селектор и раководството на ФФМ му излезе во пресрет на сицилијанскиот клуб.
„Тоа е светот на фудбалот, мора да има соработка. Сакам јавно да се заблагодарам на раководството на Фудбалската Федерација на Македонија“ – изјави денеска Маурицио Зампарини.
Несторовски продолжи со одличните настапи во дресот на Палермо откако синоќа постигна нов погодок за реми од 2-2 на тешкото гостување против Пескара.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА