Фудбалската репрезентација на Македонија утре патува за Торино, каде в петок (20.45 часот) ќе го одигра претпоследниот квалификациски натпревар од циклусот за СП 2018 година. Напаѓачот Илија Несторовски, заедно со капитенот Горан Пандев, ќе биде како на ‘домашен терен’, и вели дека Македонија има квалитет за да им се спротивстави на „аѕурите“ на претстојниот дуел.
„Имаме квалитет, во последната година одигравме неколку одлични натпревари против силни репрезентации, така што мислам дека и на Италија не им се однапред запишани бодовите од натпреварот во петок. Тие само теоретски можат до првото место во групата и затоа сметам дека растоварени ќе влезат во дуелот. За нас е важно што ќе имаме можност да уживаме во пресметката, среќни сме што играме за репрезентацијата и ќе го дадеме максимумот. Не одиме на прошетка, туку да се обидеме да оствариме позитивен резултат“, изјави Несторовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА