Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, со својот 13. погодок во италијанската Серија Б го намали водството на Парма на 3-1 во мечот од 33. коло. Голгетерот одлично го проследи нафрлувањето од Јајало, па со глава го матираше голманот на домашанта екипа, давајќи надеж на Палермо во 53. минута од средбата да се бори за евентуален позитивен исход.
Палермо се наоѓа во незавидна позиција по повеќе од еден час игра на „Енио Тардини“ стадионот, по налетот на Парма со три постигнати гола за помалку од 50 минути. При евентуален, Палермо пораз ќе направи чекор назад во трката за директен пласман во Серија А.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА